Лекарка ги утнала вакцините, по грешка боцкала против грип, наместо против корона

Лекарите вработени во Службата за семејна медицина ги известиле своите сограѓани кои примиле вакцина против сезонски грип, дека не постои опасност по нивниот живот и здравје или каква било други последици.

1,216

Наместо вакцина против коронавирусот, граѓаните на Добој беа вакцинирани против сезонски грип со вакцината „Ваксигрип“, а здравствениот дом Добој, како и полициската управа, која ги презема сите активносто во истрагата, го потврдија настанот, пишуваат српските медиуми.

Здравствениот дом Добој соопшти дека на 31 јули, работникот М. П. применил сезонска вакцина кај осум сограѓани наместо вакцина против коронавирус „Синофарм“ и дека тие го прекинале процесот на вакцинација откако дознале за несаканиот настан.






– Работникот М. П. беше отстранет од работното место и работниот процес, а вакцинацијата ја продолжија други работници на институцијата. Во понеделник, 2 август, во 7 часот наутро, итно со писмо за несаканиот настан беше известен Институтот за јавно здравје на РС, полициската управа Добој и Републичката управа за инспекциски работи, здравствениот инспекциски сектор, со барање да се преземат итни мерки за решавање на овој несакан настан – велат од Здравствениот дом во Добој.

Лекарите вработени во Службата за семејна медицина ги известиле своите сограѓани кои примиле вакцина против сезонски грип, дека не постои опасност по нивниот живот и здравје или каква било други последици.

Поврзани содржини