Ги покажа облините, но претерала со фотошопот: Фановите ја осудија Ким Кардашијан за фотографиите во бикини (ФОТО)
Најпознатата ријалити sвезда Ким Кардашијан сподели фотографија со своите следбеници на Инстаграм. Имено, Ким позирала на плажа во минијатурно бикини и ги истакнала облините.
Како и секогаш, таа доби бројни пофалби, но некои од фановите тврдат дека премногу користи фотошоп и дека претерала со уредување на своите фотографии на социјалните мрежи.
„Колку време ти требаше за така да ја уредиш фотографијата?“, ја праша еден од следбениците.
„Може да признаеш дека си ја фотошопирала фотографијата“, „Ти си вистинска професионалка за уредување фотографии“, „Ова е тотално фотошопирано“, се надоврзале други.
Дали овие фотографии се обработени во фотошоп или не, проценете сами.
ФОТО: Инстаграм