Пендаровски нема да потпише: Нема логика и за претседател и за советник да се собираат по 10.000 потписи

Ако сега сите се согласат со процентот, јас ќе го потпишам законот без разлика на препораката од ОБСЕ која предвидува праг до 1 отсто од избирачите, рече Пендаровски.

500

Претседателот Стево Пендаровски нема да го потпише Изборниот законик во форматот во кој сега е поднесен во Собранието, а кој наложува да се соберат потписи од 2 отсто од запишаните избирачи во општината за кандидирање на независните листи за локалните избори.

– Нема логика јас за претседател да се кандидирам со 10.000 потписи, а исто толку потписи да се потребни и за советници во Град Скопје – рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.






Според него, не може изборите да се распишат на 6 август, а два дена пред тоа да се носат законските измени.

– Ако сега сите се согласат со процентот, јас ќе го потпишам законот без разлика на препораката од ОБСЕ која предвидува праг до 1 отсто од избирачите – рече Пендаровски.

Поврзани содржини