ИНЦИДЕНТ Русите едвај се „закачија“ на Меѓународната вселенска станица

Никој од астронаутите не бил во опасност и за среќа тие не ја почувствувале ротацијата во делот од секунда бидејќи лебделе во воздухот. 20 тони тешката и 13 метри долга „Наука“ се прицврстила на задниот дел од орбитната платформа откако осум дена патувала до таму.

1,812

Вчера попладне се случил инцидент откако ненамерно испалиле моторите на рускиот модул „Наука“ и ја превртеле за 45 степени Меѓународната вселенска станица, само неколку часа откако модулот се закотвил на неа.

Инцидентот бил набрзо решен со палење на други мотори од станицата за таа да се врати во првобитната положба, а за период од неколку минути бил изгубен контактот со астронаутите, јавува Би-Би-Си.






Никој од астронаутите не бил во опасност и за среќа тие не ја почувствувале ротацијата во делот од секунда бидејќи лебделе во воздухот. 20 тони тешката и 13 метри долга „Наука“ се прицврстила на задниот дел од орбитната платформа откако осум дена патувала до таму.

НАСА твитна дека сите членови на екипажот се безбедни по инцидентот:

Но, зошто осум дена ѝ беа потребни на „Наука“ да стигне до Меѓународната вселенска станица? Имало проблем со неговите мотори кој бил забележан дури откако модулот бил лансиран од базата Бајконур во Русија пред една недела. Контролорите од Русија морале во текот на летот да го менаџираат овој проблем.

Сепак „Наука“ пристигна навреме. Со себе, меѓу останатото, носеше една голема роботска рака наречена „ERA“, која била подготвена од Европската вселенска агенција (ESA), за маневрирање. Раката има зглоб со кој ќе може да се движи по модулите.

Но, зошто Русија го одложуваше цели 14 години лансирањето на модулот „Наука“? Леталото беше лансирано во време кога руските власти објавија дека можеби до 2025 година ќе се повлечат од Меѓународната вселенска станица и ќе направат своја сопствена.

Истовремено, инцидентот ќе ги спречи и НАСА и Боинг да го направат пробниот лет на нивниот Старлајнер, летало без астронаути, планирано за денеска – 30 јули. Старлајнер ќе биде на Земјата барем до 3 август.

Поврзани содржини