ВМРО-ДПМНЕ: Георгиевски шверцерски носи ребаланс на буџет во Гази Баба
Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови.
Во моментот се случува шверцерско носење на ребаланс на буџет, директно поттикнато од градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски. Седницата на Совет трае сè уште и повеќе од 20 часа. За прв пат во историјата на општината се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината. Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба повикува на присуство на јавност и медиуми, со цел да го евидентираат, криминалот и кршењето на процедури кои се одвиваат во овој момент – велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба е донесен пред 20-тина дена, што е уште една потврда дека овој нов ребаланс е за лични и криминални интереси.