„Фајненшл тајмс“: Лидерите на Македонија, Србија и Албанија одат по свој пат без граници
„Фајненшел тајмс“ наведува дека се надеваат дека оваа зона ќе се прошири до крајот на годинава, онака како што вети Вучиќ, односно дека ќе ги вклучи Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Лидерите на Србија, Албанија и Македонија го критикуваа Брисел поради бавното темпо на проширување на ЕУ, ветувајќи дека ќе продолжат со својата сопствена патна и деловна зона без граници, додека чекаат, пишува „Фајненшал тајмс“.
Весникот пренесува изјави на тројцата политичари кои денеска се сретнаа во Скопје.
„Знаеме дека се „уморни“ од проширувањето во ЕУ“, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија, во интервјуто.
„Треба да видиме што можеме да направиме за себе, што можеме да направиме за нашите луѓе, како можеме да ги прошириме нашите пазари“.
Зоран Заев, пак изрази фрустрација што „ЕУ не ги исполнува“ своите ветувања, додавајќи: „Треба да ги забрзаме практичните придобивки за нашите граѓани“.
Еди Рама, реизбраниот премиер на Албанија, ја спореди работата со Брисел со претстава на Семјуел Бекет „Чекајќи го Годо“, во која двајца мажи водат серија честопати апсурдни разговори, додека го очекуваат доаѓањето на некој што никогаш не доаѓа.
Балканската „мини-шенген“ патничка и деловна зона по примерот на аранжманот за слободни патувања во ЕУ, официјално ќе биде претставена утре. Тоа ќе вклучува постепено олеснување на ограничувањата за патување, побрзи „зелени ленти“ на границите, намалено време на чекање за товар и полесен пристап до работни дозволи.
„Фајненшел тајмс“ наведува дека се надеваат оваа зона ќе се прошири до крајот на годинава, онака како што вети Вучиќ, односно дека ќе ги вклучи Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Српскиот лидер рече дека Балканот не може повеќе да чека ЕУ да ги обедини, откако се бореше со етнички и религиозни конфликти и економски недостиг уште од распадот на поранешна Југославија по 1991 година.
Се наведува дека земјите имаат направено значителен напредок пред ЕУ да ги прифати.