Вознемирувачка глетка: Поради екстремно високите температури, лососи пливаат живи сварени (ВИДЕО)

5,516

Лосос во реката Колумбија се сварил речиси жив кога температурите на водите пораснале во текот на рекордниот бран горештини на северозападот на Тихиот океан. Група активисти за заштита на животните ја забележале вознемирувачката глетка.

Видеото кое во вторникот го објавила непрофитната организација „Колумбија риверкипер“ прикажува група лососи како пливаат во речната притока, прекриени со црвени лезии и бели габички, како резултат на стресот и изложеноста на екстремни температурите, пишува „Гардијан“.






На денот на снимањето на видеото, реката достигнала температура од 21 Целзиусов степен, што е смртоносно за овие риби ако се подолго изложени на неа. Законот за чиста вода забранува температурите во реките да пораснат над 20 степени.

Оваа сцена е уште еден пример за трагичните смртни случаи предизвикани од горештините. Тие веќе убија стотици луѓе ширум пацифичкиот северозапад и Канада, веројатно предизвикувајќи смрт на повеќе од милијарда морски животни и предизвикувајќи пожари ширум регионот.

Но, ова не се случило само поради топлотниот бран, туку ситуациите во реките ги влошиле и бројните брани кои со децении го забавуваат протокот на водата ширум државата Вашингтон и пошироко, кревајќи ја температурата на водата.

Десетици илјади лососи сѐ уште живеат во реките Колумбија и Долна змија, а бидејќи реките дополнително ќе се загреат во наредните два месеци, би можело да се случи да угинат многу риби. Со оглед на тоа дека лососот во реката Змија веќе се смета за загрозен, губењето на само мал дел од нивната популација би можел да има страшни последици.

Поврзани содржини