Скок на вредноста на криптовалутите: што доведе до тоа?

Трговијата во Кина се опорави, а она што го рекоа шефовите на компаниите Твитер, Тесла и АРК Инвест, го активираше пазарот, изјавил за Си-Ен-Би-Си претставник на Луксор Мајнинг, база на криптовалути.

1,698

Вредноста на биткоините се покачи во неделата вечер и надмина 39.000 долари за прв пат од средината на јуни, бидејќи пазарот почна да се опоравува од последната неодамнешна продажба.

Криптовалутата во 23:05 по њујоршко време изнесувала 38.054,84 долари, а според податоците на Коин Деск, вредноста се зголемила за скоро 11 отсто во споредба со истото време пред 24 часа. Биткоинот претходно достигна цена од 39.544,29 долари.






Закрепнувањето на биткоинот, исто така, ја има зголемено вредноста и на другите криптовалути, па така и етериумот порасна за 5,9 отсто, односно 2.299,55 долари. Целиот пазар на криптовалутите порасна за 24 часа до неделата вечерта за 114 милијарди долари, покажуваат податоците на coinmarketcap.com. Закрепнувањето се случи откако неодамна биткоинот падна под 30.000 долари, што ги зголеми стравувањата дека може да потоне уште повеќе, наведува Си-Ен-Би-Си.

– Мислам дека видовме период на акумулација од 29.000 до 30.000 долари, што укажува на стабилноста и потенцијално поместување на биткоинот кон 40.000 долари – вели Вијџер Ајар, раководител на деловниот развој на берзата за криптовалути Луно

Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, извршниот директор на Тесла, Илон Маск и извршната директорка на АРК Инвест, Кети Вуд, неодамна зборуваа за внимателно следената конференција наречена „The B-Word“.

Маск вели дека Тесла најверојатно ќе започне повторно да прифаќа купување на нивните возила со биткоин, бидејќи поголем дел од „копањето“ на биткоин преминува на обновлива енергија. Во мај компанијата Тесла ја прекина продажбата на возила со криптовалути, бидејќи беа загрижени за рапитно растечката употреба на фосилни горива за „копањето“ на биткоини.

Рударството на биткоини е енергетски интензивен процес на создавање нови валути, што вклучува сложени математички проблеми. Потребната моќ на компјутерот за ова да се направи, троши многу електрична енергија.

– Трговијата во Кина се опорави, а она што Илон, Џек и Кети го рекоа го активираше пазарот – изјавил за Си-Ен-Би-Си Алекс Брамер, од Луксор Мајнинг, база на криптовалути.

Има и други најави кои ја стимулираа побарувачката на биткоин. Амазон сака да вклучи експерти за дигитални валути. Портпаролот на Амазон изјави дека компанијата е инспирирана од иновациите кои се случуваат во просторот на криптовалути и истражува како би можело тоа да изгледа на Амазон.

Инвеститорите кои го „скратуваат“ биткоинот, се надеваат дека цената ќе падне. Но, ако цената скокне, овие инвеститори ќе бараат начин да ги намалат загубите и да ги напуштат своите позиции, што поттикнува уште поголем раст на биткоинот.

– Мислам дека вредноста е последица на прекумерното скратување –  вели Ајар.

Во меѓувреме, некои проблеми со цената на биткоинот почнаа да се расчистуваат. Кина ги обнови своите мерки против криптовалутите, а загриженоста за испуштањето на јаглерод при рударството на биткоин почна да опаѓа.

Брамер од Луксор Мајнинг вели дека несигурноста за влијанието на рударството на криптовалути врз животната средина и кинеските регулативи, полека почнаа да се „трошат“.

Поврзани содржини