Доделени наградите на 20. издание на „Синедејс“

Жирито одлучи да ги додели следниве награди: Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Улиште“ (HIVE), во режија на Блерта Башоли.

255

Со доделувањето на наградите на јубилејниот 20. Меѓународен фестивал за европски филм „Синедејс, е затворена официјалната конкуренција на фестивалот кој поради временските услови продолжува со програма уште денеска.

Од фестивалот информираат дека натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири комисијата во состав, Славко Собин – актер, Зејнеп Атакан – продуцентка и Марисела Росети одговорна за LUX Award (Лукс награда).






– Нашите одлуки беа анонимни, но по гледањето на сите 9 филмови може да кажам дека можеше да победи било кој од филмовите, бидејќи сите завршиле одлична работа. Се надеваме дека ќе имаме прилика да гледаме уште многу ваши одлични достигнувања и во иднина и честитки до сите вас од нас тројцата! – посочуваат од фесиалот.

Жирито одлучи да ги додели следниве награди: Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Улиште“ (HIVE), во режија на Блерта Башоли.

– Прекрасен филм и воодушевувачки начин на кој една вистинита приказна беше трансформирана на големо платно, со брилијантна, многу природна и лежерна глума – наведува жирито во образложение за филмот.

Во „SEE програмата“, награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Мир и хрмонија“ (It’s all about peace and harmony) од Несими Јетик.

За тој филм, пак, жирито наведува дека е многу моќен женски филм, што е навистина пријатно да се погледне во овие времиња.

– Партнерството помеѓу трите актерки е нешто што толку ретко се гледа, изведено е со толку различна динамика, знаете – љубов и омраза и конфликт – вели жирито.

На програмата на „cinEdays“, вечер со почеток од 20:30 на POP UP локацијата кај езерце Градски парк ќе бидат кратките македонски филмови: Deaflands, Farmer’s Blues, Прашливи Цвеќиња, Експертот, Afterparty, PAWLAW, Паразит, Влакна, Letting Go, Карантин, Ритамот на падот, Валцер за 1. мај, Тhe New Beginning.

Исто така, во 20:30 почнува и програмата на врв на Водно, каде го гледаме последниот дел од Еко програмата, селекција на Ехо фестивал на планински филм: „On Thin Ice“, во режија на Henry M. Mix и „Mountain, Priest, Son“, во режија на John Seddon и Vaibhav Kaul. По двете проекции, во 22 часот следува и филмот „Уште една тура“ на Томас Винтерберг, информираат организаторите.

Еко програмата e поддржана од UNICEF и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA).

Поврзани содржини