Сите лажни вести за ковид-19 ги креираат 12 личности?
Голем дел од теориите на заговор, дезинформациите и информациите против вакцинирањето, потекнува од 12 личности, ова го утврдува Центарот за сузбивање дигитална омраза.
Центарот за сузбивање на дигитална омраза открива дека „десетина дезинформации“ поврзани со коронавирусот стасале до 59 милиони луѓе во светот, преку различни социјални мрежи.
Голем дел од теориите на заговор, дезинформациите и информациите против вакцинирањето, потекнува од 12 личности, ова го утврдува Центарот за сузбивање дигитална омраза.
Само на Фејсбук, десетина личности се одговорни за 73 отсто од целокупната содржина против вакцините, иако Владата на САД и нивни регулаторни агенции ги оценија вакцините како безбедни и ефикасни. Дури 95 отсто од пријавените дезинформации, сè уште не се отстранети.
Британско-американската невладина организација, CCDH, откри во март дека овие дванаесет лица, ги следат 59 милиони следбеници на неколку социјални платформи, а најголемо влијание имаат на Фејсбук.
Оваа организација, анализирала 820.000 објави на Фејсбук и открила дека 65 отсто од лажните вести, доаѓаат од групата од дванаесет лица.
Шефот на јавната здравствена служба Вивек Марти и претседателот Џо Бајден, веруваат дека овие дезинформации се една од главните причини за ширењето на вирусот.
Меѓу овие „дезинформатори“ се наоѓаат и лекари, верски фанатици, бодибилдери, блогери, а меѓу нив е и внукот на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди, кој исто така ги поврзува вакцините со аутизмот и 5G мобилната мрежа.
Во меѓувреме, Кенеди е отстранет од Инстаграм, но не и од Фејзбук.
„Фејсбук, Гугл и Твитер воспоставија политики со кои ќе се спречи ширењето на дезинформации за вакцините, но не секој од нив успеа задоволително да ги спроведе тие политики. Сите беа крајно неефикасни во отстранувањето на штетните и опасни дезинформации за вакцините против коронавирусот“, наведено е во извештајот на Имран Ахмед, кој е извршен директор на британско-американската невладина организација.
Иако платформите оттогаш преземаа мерки за отстранување на дел од објавите, па дури и отстранија три од дванаесет вести од една платформа, CCDH ги повикува Фејсбук, Инстаграм, Твитер и ЈуТјуб, целосно да ги „уништат“ информациите кои ги сметаат за опасни и клучни при создавањето на дилема во врска со вакцините.
„Со оглед на тоа што огромно мнозинство на штетни содржини се шири на одреден број на друштвени сметки, отстранувањето на најопасните лица и групи може значително да ја намали количината на дезинформации кои се шират на платформите“, се вели во извештајот на CCDH, пренесува Гардијан.