Загриженост кај граѓаните по појавата на Торнадо кај Живојно (ВИДЕО)

Денес поради големата нестабилност во Атмосферата, дојде до формирање на Торнадо во Македонија – Живојно, Битолско - напиша Славчо Попоски на видеото кое што е објавено.

2,228

Пелагонија попладнево беше зафатена од невреме проследено со дожд, ветер и електрични празнења.

Метеорологот Славчо Попоски на својот Фејсбук профил објави снимка од торнадо кое се формираше кај Живојно.






– Денес поради големата нестабилност во Атмосферата, дојде до формирање на Торнадо во Македонија – Живојно, Битолско – напиша тој на видеото кое што е објавено.

УХМР во текот на денот предупреди на нестабилно време, со можен пороен дожд и порача да се избегнува или да се биде многу внимателен при движење покрај потоци и суводоли, бидејќи е можно нивно излевање.

Веќе два дена Македонија е под влијание на влажна воздушна маса, а иако на оделни места имаше пороен дожд, засега не е забележано поголемо невреме со штети.

Поврзани содржини