ШОКАНТНО ВИДЕО Мигранти молат за вода додека грчката полиција пука кон нив
Групите за човекови права тврдат дека илјадници луѓе кои отишле во ЕУ да побараат азил на брутален начин се вратени од границата со ЕУ, односно од Грција во Турција.
„ВВС“ објави шокантни снимки кои сведочат за бруталниот третман врз мигрантите кои се обидуваат да стигнат до границите на ЕУ.
На снимките на „ВВС“ се гледа како грчки гранични полицајци ги туркаат азилантите на крајно брутален начин, пукаат во воздухот, не им даваат вода, ги навредуваат … додека несреќните луѓе едвај можат да одржат рамнотежа во преполн брод, кој е на пат кон крајбрежјето на ЕУ.
Групите за човекови права тврдат дека илјадници луѓе кои отишле во ЕУ да побараат азил на брутален начин се вратени од границата со ЕУ, односно од Грција во Турција.
Ним воопшто не им беше дадена шанса да го побараат тоа, наведува „ВВС“ во описот на видеото, за кое се вели дека е направено во близина на грчкиот остров Лезбос, како и сигналите на мобилните телефони кои ја потврдуваат автентичноста на шокантната снимка.
– Ова е насилство, луѓето се ставаат во ситуација поопасна од онаа во која веќе се наоѓаат – рече еден од активистите за човекови права.
Преживеаниот мигрант, пак, вели дека им се заканувале со смрт.
Снимката е проследена со шокантни сцени, за кои „ВВС“ наведува дека ги создал еден од барателите на азил од друг брод.
– Вода? Немаме вода …. ќе умреме тука со бебето …. ве молам, ве молам …. – се слуша на снимката.