Филипче оперираше со тим од лекари: Кај пациентка успешно вградија стимулатор на нервот вагус (ФОТО)
Ваква хируршка интервенција денеска ќе се изврши кај уште тројца пациенти, а во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија.
Министерството за здравство информира дека денеска на Клиниката за неврохирургија, заедно со тим лекари од Клиниката за неврологија, кај 36 годишна пациентка беше успешно вгарден стимулатор на нервот вагус и таа се разбуди и добро се чувствува.
Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови.
Операцијата ја изведоа министерот за здравство неврохирург д-р Венко Филипче, д-р Владо Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во Република Србија, каде што оваа метода е веќе позната, неврохирургот д-р Владимир Рендевски директор на Клиниката во Скопје. Од Клиниката за неврологија д-р Емилија Цветковска и д-р Бојан Бошковски, со поддршка на директорот на Клиниката д-р Иван Барбов.
Ваква хируршка интервенција денеска ќе се изврши кај уште тројца пациенти, а во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија.
Министерството за здравство заедно со ФЗО на РСМ оваа хируршка метода ја ставија како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија.
Со оваа го подобруваме животот на овие пацинети, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство.