Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, е осуден на три години затвор, од кои две ќе ги отслужи условно. Таа едноставно не се откажува од уживањето во животот само поради тоа што нејзиниот сопруг е осуден за корупција.
Неговата пресуда и фактот дека животите значително им се промениле, не ја спречува неговата сопруга, италијанскиот супермодел Карла Бруни да ужива во животот и да се појавува на гала настаните.
Карла се појавила на отворањето на Филмскиот фестивал во Кан и притоа блеснала во свечена сребрено-сина тоалета.
Светкавиот фустан со висок прорез го искомбинирала со сребрени сандали со ремчиња, а целата комбинација ја „зачинила“ со клач чанта во истата боја.
За да се комплетира стајлингот не ѝ било потребно да носи многу накит – само впечатлива алка, а што се однесува до фризурата, Карла ја пуштила косата слободно да паѓа.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм