Поранешниот директор на Центарот за белодробни заболувања, Оливер Зафировски, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ, денеска побара нужен негативен ПРЦ тест за да се влезе во Македонија, и тестирање и контрола на сите кои преминуваат границата.
Во време кога десетина пациенти веќе се лекуваат од брзорастечкиот делта-сој и кога земјите од светот размислуваат целосно да ги затворат границите, власта во Македонија се однесува неодговорно, објаснува Зафировски на партиската говорница.
– Сосема е нејасно зошто и Македонија не воведе мерки за влез и тестови за тестирање на сите кои влегуваат на македонска територија, без разлика дали е тоа по некој од патните коридори или на аеродромите? – прашува тој.
Зафировски исто така бара уште помасовна вакцинација, за наесен да не избие голем бран на заболувања.