МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА БЕЛЕЖИ НЕГАТИВЕН ПРИРАСТ НА НАСЕЛЕНИЕТО Бројот на живородени деца во вториот квартал е намален за 3%
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 005, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
И во второто тримесечје во 2026 година природниот прираст на населението е негативен и изнесува -1 005, објави Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од годинава споредено со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца е намален за 3,0% и изнесува 3.684 деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2026 година бележи намалување од 0,6 % во споредба со истото тримесечје лани и изнесува 4.689 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 005, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2.732 бракови и нивниот број е намален за 2,2 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се и 406 разведени бракови.
| II тр. 2025 | II тр. 2026 | |
|---|---|---|
| Живородени | 3 796 | 3 684 |
| Мртвородени | 17 | 20 |
| Умрени | 4 715 | 4 689 |
| Природен прираст | -919 | -1 005 |
| Умрени доенчиња | 18 | 10 |
| Склучени бракови | 2 793 | 2 732 |
| Разведени бракови | 583 | 406 |