Авион се приземји во Сплит заради дојава за бомба

Авионот кој летал од Прага до Сплит бил на „Смартвингс“ - најголемата чешка авиокомпанија која има свои претставништва и во Полска, Словачка и Унгарија. Патниците се евакуирани, а истрагата е во тек.

233

Чешки авион пред еден час слета во Сплит заради дојава за бомба, а сите патници биле брзо евакуирани. Авионот „Смартвингс“ кој тргнал од Прага морал брзо да слета затоа што некој во полицијата јавил дека внатре има бомба.

Антиексплозивната служба и други полициски единици во моментов го проверуваат авионот според стандардните протоколи, јавуваат за Индекс, од хрватското министерство за внатрешни работи. Тие објаснија дека аеродромот во Сплит ќе продолжи да функционира, а дека авионот бил тргнат на страна.






„Смартвингс“ е најголемата чешка авиокомпанија која има свои претставништва и во Полска, Словачка и Унгарија. Нејзиното седиште е на аеродромот Вацлав Хавел во Прага, а авионот бил ефтина линија на релација  Прага-Сплит.

Поврзани содржини