Криминалци во Франција преку 3.600 фирми, извлекле 12 милиони евра од ковид помошта

Пронајден е голем износ во кеш-1.765.630 евра и 3.420 долари, кои биле скриени на приватен паркинг и се наоѓале во водоотпорни вреќи. На истото место пронајдена е и торба со луксузни часовници во вредност од 230.000 евра и накит вреден 30.000 евра.

241

Француската и израелската полиција уапсиле 6 припадници на организирана криминална група која извршила повеќе измами од двете страна на Средоземното море.

Според власта, криминалната група основала 3.600 фиктивни фирми и ја измамила државата за 12 милиони евра од надоместокот за невработени кој се давал во текот на пандемијата, пишува Европол.






Главниот осомничен 30-годишен француско-израелски државјанин и неговата сопруга се уапсени во местото Реплонгес во близина на швајцарската граница кога се обиделе да избегаат во Женева, од каде сакале да летаат за Тел Авив.

Еден час подоцна полицијата ги уапсила и останатите членови на групата. Пронајден е голем износ во кеш-1.765.630 евра и 3.420 долари, кои биле скриени на приватен паркинг и се наоѓале во водоотпорни вреќи. На истото место пронајдена е и торба со луксузни часовници во вредност од 230.000 евра и накит вреден 30.000 евра.

Француската власт извршила поврат на повеќе од 6,2 милиони евра од банкарски сметки кои биле во сопственост на криминалната група.

Поврзани содржини