Два сателити го снимале Сибир: Шокантни податоци – измерени 48 степени

ЕУ сателитот „Copernicus Sentinal-3 A“ и „3B“ ги регистрирале високите температури во текот на топлотниот бран кој го погоди поголемиот дел на Сибир.

529

Пред неколку дена на почвата на Сибир измерени се неверојатни 48 степени Целзиусови. Два сателити на 20 јуни на подрачјето на арктичкиот Сибир измериле температура од 47.7 степени, пренесува хрватски Индех, и додава дека станува збор за температура на почвата, односно дека не станува збор за температурен рекорд бидејќи температурата на воздухот во тој момент изнесувала околу 30 степени.

И покрај тоа, станува збор за необично висока температура за Арктичкиот круг па се стравува дека таквите жештини би можеле да го забрзаат топењето на мразот и да ги забрзаат климатските промени.






Тоа пак, би имало далекусежни последици на сите бидејќи вечниот лед спречува во атмосферата повторно да се вратат сите ефекти на стаклената градина, пишува списанието „Live Science“.

ЕУ сателитот „Copernicus Sentinal-3 A“ и „3B“ ги регистрирале високите температури во текот на топлотниот бран кој го погоди поголемиот дел на Сибир. Жештините укажуваат на можноста на топол почеток на летото, откако пролетва во Сибир беа забележани стотина шумски пожари.

Поврзани содржини