Принцот Хари ќе дојде на подигнувањето на споменик на мајка му Дијана во Лондон

Да беше жива, принцезата Дијана на 1 јули годинава ќе наполнеше 60 години. Нејзин споменик ќе биде поставен во градината Санкен, која ѝ била омилена градина на Дијана во палатата во Кенсингтон. Хари ќе дојде сам со лет од Америка и првите десет дена ќе биде во карантин во вилата Фрогмор во Лондон

819

Принцот Хари ќе присустува на подигнувањето на споменик на неговата мајка, трагично загинатата принцеза Дијана на 1 јули годинава, пренесува МСН. Иако неговата жена Меган само што му ја донесе на свет малата Лилибет Дијана и го чека назад во топлата Калифорнија уште истиот ден, Хари сепак ќе оди и сам ќе ги заврши своите семејни обврски.

35-годишниот војвода од Сасекс ќе отседне во вилата Фрогмор во Виндзор и ќе мора да помине низ десетдневен карантин. По првите пет дена ќе направи тест за корона, и ако тестот е негативен, Хари ќе може да излезе порано од вилата.






– На Евгенија и Џек лани им беа дадени клучевите од вилата и им беше речено дека можат да ја користат сѐ дур Хари и Меган се во Америка. Сега, куќата е буквално поделена на два, што значи дека Хари може да се изолира во една половина, без воопшто да дојде во контакт со неговата братучетка и нејзината фамилија – вели еден извор.

Да беше жива, принцезата Дијана на 1 јули годинава ќе наполнеше 60 години. Споменикот ќе биде поставен во градината Санкен, која ѝ била омилена градина на Дијана во 15-те години живеење во палатата во Кенсингтон. Денес таму живеат нејзиниот син Вилијам и нејзината снаа, војвотката Кејт. Освен дека дизајнот на споменикот ќе го прави истиот човек што ја портретирал кралицата Елизабета на британските монети, г-дин Иан Ренк Бродли, другите детали не се познати. Но, не изостануваат коментарите во врска со Хари и Меган. „Зошто Меган и Лилибет не доаѓаат со Хари на подигнувањето?“, прашуваат медиумите низ светот.

– За жал, мислам дека фамилијата го допре дното – вели коментатор на ЕнБиСи во едно шоу во Австралија. Би сакал да можам да речам дека сите успеаја, но нема знаци дека тоа е така.

Поврзани содржини