Стоилковски: СДСМ удри по граѓаните, сè ќе поскапи

Вакво драстично зголемување на цената на горивата и електричната енергија, во период на економска рецесија и на веќе видлива инфлација, ќе ги зголеми цените на сè, ама буквално на сè, на храната, на сметките, на превозот, на земјоделските производи, цените на облека, цените на сè.

194

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски смета дека сѐ ќе поскапи и дека покачување на давачките за нафтата и горивата и најавеното драстично зголемување на цената на електричната енергија е најлошата економска одлука којашто може да се донесе.

– СДСМ ги удира граѓаните. Ги удира земјоделците, таксистите, превозниците, преработувачката индустрија, стопанството, сите домаќинства, пензионерите. Сè ќе поскапи! Вакво драстично зголемување на цената на горивата и електричната енергија, во период на економска рецесија и на веќе видлива инфлација, ќе ги зголеми цените на сè, ама буквално на сè, на храната, на сметките, на превозот, на земјоделските производи, цените на облека, цените на сè – вели Стоилковски.






Според него, овие најавени поскапувања не се ниту први, ниту единствени во време владеење на СДСМ.

– Нафтата со новото поскапување на давачките од 3,5 денари за т.н. еколошка такса, како измама за празниот буџет и зголемувањето на ДДВ-то по тој основ, вкупно нафтата е зголемена за 14,06 денари само за давачки коишто ќе ги плаќаат граѓаните за даноци, акцизи, такси и маржи по еден литар гориво. Овие 14,06 денари не се плаќаа пред доаѓањето на режимот на СДСМ во Македонија. Да потсетам дека струјата лани веќе се поскапи со 7,42 отсто, а за оваа година се најавува ново дополнително двоцифрено поскапување – рече Стоилковски.

Тој смета дека заради расипништвото на СДСМ, граѓаните ќе плаќаат многу повеќе. Поскапувањето на горивата и на струјата е со единствена цел – да се пополни празната буџетската дупка,

Поврзани содржини