Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се во хармоничен брак од 1987 година.
„Кој е главен за домот на Лепа Брена и Боба?“, „Дали Боба е „само сопруг“ на Лепа Брена?“ и „Колку му пречи кога луѓето го велат тоа?“, на сите овие прашања одговорил Боба.
– Не ми пречи кога ќе речат дека сум сопруг на Брена – со насмевека рекол Боба, додавајќи го и зборот „само“. Поранешниот прв рекет на Европа, Слободан Живојиновиќ денес има големи деловни достигнувања зад себе, почнувајќи од компаниите „Грен слем“, преку „Гранд продукција“ и „Гранд моторс“ па до други проекти за кои јавноста знае мошне малку.
– Откога започна проблемот со коронавирусот и карантинот, ние двајцата бевме заедно непрекинато и по 24 часа на ден. Тоа е однос којшто добива друга димензија. Сега бев две недели во Америка и, гледам, необично ми е, ми недостасува. Го гледам истото и од нејзина страна. Мислам дека со сè што ни се случи, откривме нешто посилно, посветло. Го знаевме тоа и порано, но сега откриваме и мислам дека тоа ќе трае – раскажал Боба и додал:
„Заедно со љубовта, мора да постои и почит. Што би рекла баба ми – ако земеме јаже и јас влечам на својата страна, а ти на твојата страна – што ќе се случи? Ќе пукне. А, ако ти повлечеш, а јас се пуштам, и обратно, тоа ќе трае. Истото важи и за пријателството и за работата. Некогаш мора да дадеш за да добиеш. А, за да се оствари тоа, мораш да веруваш во себе. Брена и јас сме заедно од 1987 година и, еве, издржувам некако веќе 34 години“, рекол тој со насмевка во една емисија, пишува „Информер.рс“.