Израел доби нова влада, по 12 години дојде крајот на ерата на Нетанјаху

На власт стапи осумпартиска коалиции составена од ултрадесничари, центристи, левичари и една мала арапска партија

253

Израелскиот парламент jа одобри новата коалициска влада со која премиерот Бенјамин Нетанјаху беше испратен во опозиција по рекордни 12 години на функцијата и политичка криза што предизвика четири избори за две години.

По 12 години непррекината власт конечно дојде крајот на ерата на Нетанјаху. На власт стапи осумпартиска коалиции составена од ултрадесничари, центристи, левичари и една мала арапска партија






Нафтали Бенет, шеф на мала ултранационалистичка партија, положи заклетва како премиер по супертесното гласање 60-59 во парламентот. Но, ако тој сака да ја задржи работата, ќе мора да ја одржи коалицијата на партии од политичката десница, левицата и центарот.

Нетанјаху седеше тивко за време на гласањето. Откако коалицијата беше одобрена, тој ја напушти салата, пред да се сврти и да се ракува со Бенет.

Нетанјаху, кому му се суди за корупција, останува на чело на најголемата партија во парламентот и се очекува енергично да се спротивстави на новата влада. Ако само една фракција се повлече коалицијата може да го изгуби мнозинството и би се изложило на ризик од колапс, давајќи му можност да се врати на власт.

Поврзани содржини