Грчката претседателка бара вакцините против ковид-19 да бидат задолжителни
Уставот на ниту еден начин не го признава правото да се загрозуваат животот и здравјето на другите луѓе, истакна грчката претседателка.
Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулос, истакна дека се залага за задолжително вакцинирање против ковид-19, бидејќи, како што рече, Устевот никому не му дава за право да загрозува други луѓе.
Сакеларопулос, која е високорангирана судијка, дискутираше на оваа тема на средбата со премиерот Киријакос Мицотакис.
– Уставот на ниту еден начин не го признава правото да се загрозуваат животот и здравјето на другите луѓе. Оттука, слободниот избор е ограничен со правата на другите. Сметам дека е суштински да се разговара за задолжителното вакцинирање против ковид-19, што е веќе почнато во некои земји. Не треба да се поткопаат социјалната солидарност и чувството за општествена одговорност – рече Сакеларопулос.