КУРЦШЛУС ВО СОБРАНИЕТО Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го опколија Костадинов, не му даваат да предложи партиска другарка за уставен судија (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ не му дозволуваше на Костадин Костадинов, по наредба на Зоран Заев шверцерски и незаконски  да си ја предложи партиската другарка Цветанка Иванова за уставен судија, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

2,284

Вербален инцидент денеска се случи во Собранието, откако дел од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да го убедат пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, да не ја предложи Цветанка Иванова за уставен судија.

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објави видео на кое се гледа како тој и неговите колеги се собраа околу масата на којашто седеше Костадинов и се обидуваа да го спречат во намерата, како што посочува Јаулески, на шверцерски и незаконски начин да ја предложи партиската другарка Иванова за уставен судија.






„ВМРО-ДПМНЕ не му дозволуваше на Костадин Костадинов, по наредба на Зоран Заев шверцерски и незаконски да си ја предложи партиската другарка Цветанка Иванова за уставен судија. Костадин може да кажува што сака, но ние со сите сили ќе се бориме да го спречиме силувањето на Собранието од страна на СДСМ. Тоа што се случуваше на Комисијата за избори и именувања е ништо дурго, туку само уште една потврда за тоа како работи власта, шверцерски и кршејќи ги сите правила само за да ги задоволи каприците на партиските послушници, сето тоа проследено со брутално кршење на парламентарната демократија и ускратување на правото за процедурално. Бевме изземени и од материјал за точките на дневниот ред“, пишува Јаулески.

Уставниот суд, додава тој, кој треба да биде главниот браник за зачувување на уставниот порадок, претворен е во партиски огранок на СДСМ и нивна алатка која ќе носи одлуки по нивна желба.

„И ниту еден спин и извртување на работите кои ќе се пласираат од кујната на Бихаќка веќе не поминува во јавноста. Прочитани се и за ова ќе има одговорност“, пишува Јаулески.

Поврзани содржини