Активни 670 случаи со ковид-19
Првпат по подолго време бројот на активни случаи на ковид-19 опадна под илјада
Бројот на активни случаи со ковид-19 во државава, според последните податоци на Министерството за здравство, вчера се намали на 670, а беа регистрирани само 10 новозаразени од направени 2.825 тестирања. Здравствените власти истакнуваат дека вакцинацијата дава резултати и апелираат да се почитуваат мерките за заштита. Во зависност од бројот на нови случаи, Комисијата за заразни болести ќе носи нови одлуки за олабавување на рестриктивните мерки.
-Првпат по подолго време бројот на активни случаи на ковид-19 опадна под илјада. Вакцинацијата и почитувањето на мерките ги донесоа очекуваните резултати – вели министерот за здравство Венко Филипче со апел да се продолжи да се почитуваат мерките и оние граѓани кои сѐ уште не се пријавиле за вакцинација, да го сторат тоа што поскоро.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 123 и има околу 420 празни болнички кревети во ковид центрите.