Филипче: Очекуваме мирно лето, но држете ги маските при рака!
Филипче уште еднаш потенцира дека на сила остануваат да важат мерките кои досега беа донесени, односно ќе можат да работат само надворешните делови на угостителските објекти.
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека никој во светот, ниту во било која земја не може да даде точно предвидување што може да се случи со епидемиолошката слика. Тој потенцираше дека можно е да има мутација на вирусот која што е позаразна од сите претходни соеви и тоа да ја смени епидемиолошката слика.
– Нашата проценка со резерва е дека следниот период од два летни месеца кои што се пред нас ќе биде мирна епидемиолошката ситуација. Сепак, граѓаните треба да знаат дека мерките се дадени за да се почитуваат, маската секогаш е тука, иако не е задолжително да се носи надвор. Но кога има групирање, не е лошо на граѓаните да им е при рака и да ја стават. Сепак, тоа е заштита за нивното здравје – рече министерот Филипче.
Тој уште еднаш потенцира дека на сила остануваат да важат мерките кои досега беа донесени, односно ќе можат да работат само надворешните делови на угостителските објекти.