Брнабиќ: Никој не е повреден во експлозијата во Чачак

Најважно е да нема повредени, а сè друго ќе биде санирано - истакна Брнабиќ.

294

Никој не е повреден во експлозијата во фабриката за наменска индустрија „Слобода“ во Чачак, соопшти српската премиерка Ана Брнабиќ.

Таа рече дека сè што е уништено ќе се санира.






– Најважно е да нема повредени, а сè друго ќе биде санирано – истакна Брнабиќ.

Силната експлозија во фабриката за муниција се случила ноќеска околу 1 часот по полноќ, а од детонациите цели два часа се тресел целиот град.

Поврзани содржини