Српските агенции бараат: Младите од 16 до 30 години со вакцина да добијат и туристички ваучер од 50 евра
Ваучерите, како што предлагаат агенциите, би требало да важат за патување во Срибија и странство.
Српската национална Aсоцијација на туристички агенции (YUTA) ѝ предложи на тамошната влада младите од 16 до 30 години при вакцинирањето против ковид-19 да добијат ваучер за туристичко патување со вредност од 50 евра.
Асоцијацијата предлага владата во овој износ да учествува со 30, а туристичките агенции со 20 евра.
Директорот на sрпската национална Aсоцијација на туристички агенции Александар Сеничиќ вели дека ваучерите би требало да се користат за патување во Србија или во странство.
Српската влада сѐ уште не одговорила на предлогот, но туристичките агенции сметаат дека на овој начин би се стимулирала младата популација да се вакцинира.