Неверојатно: Еве колку заработија „Пријателите“ од повратничката епизода на култната серија

1,283

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери – повторно беа заедно на малите екрани.

Главните ѕвезди од серијата „Пријатели“ наводно за повратничката епизода добиле меѓу 2,4 и 3 милиони долари, пренесува „Холивуд репортер“.






Шесте главни ѕвезди од серијата се вратија на малите екрани откако серијата заврши со снимањето во далечната 2004 година, а нивните животи повторно се под лупата на милионите фанови на серијата ширум светот.

Британски „Дејли стар“ пишуваше и за богатството на Пери, односно Чендлер од серијата, а пренесоа дека актерот е „тежок“ околу 120 милиони долари. Тој глумеше во сите 236 на „Пријатели“ во периодот од 1994 до 2004 година.

Како и другите главни актери од серијата, за првата сезона Пери бил платен нешто повеќе од 22.000 долари од епизода. Тој износ се искачил на дури милион долари по епизода до последната сезона.

Како што пишува „УСА тудеј“, главните актери од „Пријатели“ заработуваат и 18-20 милиони долари годишно од репризите на серијата и авторските права на истата.

Поврзани содржини