Божиновска се повлече од советничкиот список на Османи: Идејата е брилијантна, ама не можам да прифатам

Се надевам на наша идна соработка, бидејќи сум убедена дека сите заедно треба да ги подадеме рацете кон проектот за европска држава, истакна Божиновска.

1,628

Валентина Божиновска, ексфункционерка од ВМРО-ДПМНЕ и поранешна директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, во изјава за дел од порталите тврди дека во овој момент нема да може да придонесе со свој ангажман во стратешкиот совет на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но дека се надева на идна соработка.

– Почитуван министер, ви благодарам за поканата и за вашата идеја, која е брилијантна и во оваа прилика ја поздравувам, но заради моите ограничени активности од здравствени причини, не можам да придонесам во овие мигови, но се надевам на наша идна соработка, бидејќи сум убедена дека сите заедно треба да ги подадеме рацете кон проектот за европска држава – вели Божиновска.

Поврзани содржини