Ќе има ли трампа на министерства помеѓу СДСМ и ДУИ?
„Можните промени во Владата ги негираат и ДУИ и Движењето Беса“, пишува денеска агенцијата ИНА.
Во кулоарите на партиите од власта кружат гласини за реформатирање на Владата, односно за менување на неколку министри кои не постигнале резултати, пишува информативната агенција на албански јазик ИНА, пренесува порталот Експрес.
„Оваа тема е лансирана и се третира од домашните медиуми, повикувајќи се на партиски извори. Претходно ТВ21 објави дека може да има реконструкција на Владата, вклучувајќи и рокади на министерски ресори меѓу СДСМ, ДУИ и другите партнери во коалицијата“, пишува ИНА, додавајќи дека од Владата денеска нагласуваат дека не станува збор за реконструкција во владиниот кабинет и дека премиерот Заев нагласил дека Владата е формирана само осум месеци претходно и работата на членовите на Влаата сè уште не е во фаза кога може да се реконструира, ако се констатира дека постои потреба за кадровски промени, или не.
Во информацијата на ИНА се цитира ставот на Заев дека „тоа не е потребно“ и оти „извршната власт е избрана од Парламентот и заслужува шанса, бидејќи министрите се само осум месеци на нивните позиции“.
„Не треба да се заборави дека за Владата се гласаше на 1 септември и оттука нема потреба за нови кадровски промени“ – ја пренесува ИНА изјавата Заев.
„Можните промени во Владата ги негираат и ДУИ и Движењето Беса“, пишува денеска агенцијата ИНА.