Американската компанија „TEXAN & Envipco“ ќе гради фабрика за рециклирање пластика
Компанијата веќе 10 години работи во Грција со современа технологија за рециклирање.
Американската компанија „TEXAN & Envipco“ ќе отвори фабрика за рециклирање на пластика во земјава. Одлуката денеска во Атина им била соопштена на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на средбата со претседателот на грчко-американската комора „АмЧам“, Николаос Бакацелос.
Компанијата веќе 10 години работи во Грција со современа технологија за рециклирање.
Како што соопштија од владината прес-служба Заев и Битиќи ги поканиле компаниите да ја посетат земјава и да ги искористат можностите за инвестирање и за заеднички вложувања со националните компании.
Претседателот на грчката АмЧам, Бакацелос искажал благодарност што С Македонија е отворена за инвестиции и водење бизнис.
На средбата биле истакнати позитивните трендови во земјата кои даваат сигнал на стабилизирање на економија, зајакнување на довербата кај инвеститорите како резултат на позитивните движења во економијата, раст на извоз, индустриско производство, внатрешниот промет и раст на просечната плата.