Британските медиуми вчера ја пренесоа веста дека таткото на популарната и ултра богата пејачка Адел починал на 57-годишна возраст.
Марк Еванс, кој не разговарал со својата ќерка, Адел, починал од рак, а живеел во камп-приколка меѓу бездомници, пренесе британски „Сан“.
Извор од „Сан“ открива како Марк Еванс не успеал да изгради врска со својата ќерка до крајот, и покрај обидите да ги поправи работите.
Ладењето на нивната врска се случило во 2011 година кога Еванс, кој ја напуштил пејачката уште кога била дете, во едно интервју тврдел дека Адел тешко може да најде љубов поради нејзините проблеми со заминувањето.
Еванс во 2013 година открил дека страда од рак на дебелото црево, а во едно интервју истата година тој рекол дека по години во кои не разговарал со Адел, сакал само да ја „врати својата ќерка“.
Пејачката на својот татко во 2012 години му се заканали дека ако некогаш повторно го види, ќе го плукне в лице. Подоцна, Адел од сцената на доделувањето на наградите во 2017 година признала дека никогаш не го сакала и дека никогаш не се смириле, иако нејзиниот татко на другите им тврдел дека се смирени.
И покрај повторните јавни молби на татко ѝ да ја види по откривањето на дијагнозата рак на дебелото црево, Адел не попуштила.
ФОТО: Твитер