Тејлор Свифт повторно испиша историја, а Дуа Липа се закити со две награди на Британските музички награди
Синоќа се одржа 41-то доделување на Британските музички награди во лондонската арена „О2“ на првиот голем музички настан пред публика која не мораше да носи маска и да внимава на физичка дистанца, по повеќе од една година.
Дуа Липа однесе две награди дома и Тејлор Свифт ја освои наградата за глобална икона.
Дуа Липа ја доби наградата за најдобар британски изведувач и за албумот „Future Nostalgia“.
Британската поп-sвезда повика на зголемување на платите за вработените во Националната здравствена служба (НХС), а пред да ги освои наградите изведе микс од нејзините хитови.
Американската пејачка и текстописец Тејлор Свифт е првата жена што освои наградата за глобална икона. Пред неа престижната награда ја добија Дејвид Боуви, Елтон Џон и Роби Вилијамс.
– Навистина сум горда што сум дел од оваа музичка заедница, особено во годината кога на сите нас толку многу ни беше потребна музиката – рекла Свифт, кој пристигна во Лондон и им оддаде почит на работниците од првата линија во борбата против ковид-19 .