Колариќ: Скандал со субвенционирањето на инвертерите од Град Скопје, делени без критериуми и можна злоупотреба на лични податоци

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје тврдат дека при реализирање на активноста Градот не ги заштитил личните податоци на апликантите, а инвертерите се доделувани селективно и без исполнување на критериумите. За да се заташка криминалот, велат тие, веќе е наредено да се уништи и документацијата.

998

Советничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ  во Град Скопје денеска откри нов скандал поврзан со субвенционирањето на инвентерите. Советниците тврдат дека при реализирање на активноста Градот не ги заштитил личните податоци на апликантите, а инвертерите се доделувани селективно и без исполнување на критериумите. За да се заташка криминалот, велат тие, веќе е наредено да се уништи и документацијата. Советниците сега бараат увид во документацијата.

– Имаме основани сомневања дека многу најавуваните субвенции за инвертер клими се голема измама и злоупотреба зад кое стои половична реализација на проектот, и истите се делени без исполнување на критериумите, селективно, и сето тоа базирано на партиски и лични основи.Исто така имаме сомневања дека личните податоци на апликантите не се заштитени и третирани согласно закон при што можна е злоупотреба на истите – изјави Светлана Колариќ, советник во Совет на Град Скопје.






Колариќ рече дека сомневања се темелат на претходна дојава од службите на Градот.

– Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата побаравме увид во документацијата при што сме должни да објавиме констатираните нецелосна документација, со бројни пропусти и аномалии.Она што го затекнавме во градот е запрепастувачки. Нецелосни досиеја, расфрлани документи по ходници. Се сомневаме дека се делени субвенции за инвертер клими на партиски луѓе кои живеат во централното градско подрачје, , на улицата Никола Кљусев, улица Македонија, Народен фронт и други улици низ центар каде е познато дека има парно греење или и досега граѓаните се грееле на струја, додека цели населби како Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче, Радишани и други каде што нема парно и загадувањето е големо, нема доволно субвенции – рече Колариќ

Таа побара одговор од градоначалникот Петре Шилегов колку контроли се направени кај граѓаните корисници на субвенциите за исполнети услови?

– Зошто на едни граѓани се барани потврди од БЕГ а на други изјави од нотар?Го прашуваме Шилегов јавно да каже дали го познава воопшто и зошто не го применува Законот за заштита на лични податоци. Или пак како и се друго за него и неговите партиски послушници законите не важат.Го повикуваме Шилегов да појасни, зошто досега на ниту еден апликант не му е побарано да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци?Да одговори дали е точно дека се печатени лични карти и покрај софтверско чување на истите при апликација за субвенции?Да одговори зошто регистри со досиеја на граѓани апликанти и корисници на субвенции се расфрлани по ходници на дотраена барака бр.14? – праша Колариќ.

Таа, како што рече, има сознание дека раководител на сектор дал наредба да се сечат документи, се скалдираат во вреќи и се изнесувани надвор од бараката.

– Шилегов да каже каква документација е уништена и под чија наредба? Шилегов треба да одговори кој е одговорен за личните податоци на апликантите и корисниците на субвенции – рече Колариќ.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повика и  Агенцијата за заштита на лични податоци да изврши увид и примена на законот и инспекторатот на државен архив за ништена документација.

– Граѓаните имаат право да знаат кој ги обработува и за какви цели нивните лични податоци – рече Колариќ.

Поврзани содржини