Култура до организаторот на Офф фест: Не е јасно зошто не прозивате!

384

Договорот за учество во финансирањето на Офф фест е навремено доставен до организаторот – Скопје џез-фестивал. И покрај тоа, апликантот не само што не го потпиша договорот, туку поднесе и забелешки, реагира Министерството за култура на информацијата за одложувувањето на Офф фест.

„Впрочем, како што се случи и минатата година со Офф фест, така и годинава постои можност на секој корисник да му се дозволи промена на терминот за реализација на проектот.






За најавеното одложување на Офф фест од јуни за ноември, Министерството за култура информира дека договорот за учество во финансирањето на Офф фест е навремено доставен до организаторот – Скопје џез-фестивал. И покрај тоа, апликантот не само што не го потпиша договорот туку поднесе и забелешки.

Апликантот во неколку наврати е информиран за текот на постапката како и за тоа дека непотпишан договор не произведува правно дејство. Оттаму, нејасно е неговото прозивање на Министерството за култура“, реагира министерството.

Поврзани содржини