Нелоски: Шилегов платил над 1,7 милиони евра за противпожарно возило со скала, а Загреб за истото возило го купил за двојно пониска цена

ВМРО-ДПМНЕ ги повика Антикорупциска и јавното обвинителство да поведат постапки за утврдување на криминалот направен со набавката на противпожаните скали.

1,926

Петре Шилегов е фатен со рацете во медот. Тој со народни пари платил 1,7 милиони евра за противпожарно возило со скала на фирма од Будимпешта, во оваа зделка е вклучен и зетот на секретарот на Град Скопје. Шилегов плаќа, а зетот на неговиот најблизок соработник става во џеб, обвини и денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој го презентира  договорот за јавна набавка меѓу Град Скопје и фирмата „Хороскоп КФТ“ од Будимпешта, вреден 1.723.621 евра рече дека за исто такво возило Загреб платил двојно пониска цена односно 794.052 евра.






–  Прашувам дали скоро милион евра разлика завршила во нечиј џеб и во каква поврзаност има Петре Шилегов со тоа? – праша Нелоски.

Тој рече дека Шилегов залудно се обидува да ја оправда високата  цена со набавена дополнителна опрема.

– Петре Шилегов мора веднаш да одговори зошто платил повеќе од двојно за набавка на противпожарно возило со скала, и практично од парите на скопјани се ставени скоро еден милион евра во нечиј џеб?! – рече Нелоски.

Тој ги повика ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај за набавката на противпожарното возило со скала, и да се истражи каде завршиле скоро еден милион евра разлика во цена.

– Скопје заслужува да биде европски град, Скопје ќе биде европски град, наскоро Петре Шилегов заминува, а потоа ќе има одговорност за се – рече Нелоски.

Поврзани содржини