Мицкоски: Џафери и Заев да не си играат со оган, ќе им пукне петардата во рака

Спикерот има задача да обезбеди хармонични услови во рамките на Парламентот за работа односно да најде баланс помеѓу различни пратенички групи, а не да се однесува дивјачки и практично забранува и ја цензурира опозицијата во 21 век во земја којашто е кандидат за ЕУ.

851

Однесувањето на спикерот во Собранието кое секако е поддржано од тенкото парламентарното мнозинство и СДСМ на чело со Зоран Заев, денеска дополнително ги комплицира работите, односно дополнително нѐ потсетува дека ништо во суштина не е решено и дека ситуацијата многу брзо може да ескалира и да се радикализира, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ Сонце.

 

– Јас уште после оние украдени би рекол корона избори кои ги злоупотреби Заев и едвај извади нерешен резултат со блага негова предност, не би рекол дека оваа Влада е стабилна  и Парламентот ваков каков што е ќе функционира и ќе биде практично Парламент кој што ќе носи одлуки односно ќе може да носи одлуки, а тие одлуки ќе бидат во корист и полза на граѓаните. Тоа всушност ѝ се оствари, неколку пати тогаш барав лидерски средби пред Нова Година, пред крајот на 2020, бев одбиван за да овој март имавме тет-а-тет средба на мое барање на кои се обидовме да решиме некои процеси во рамките на Парламентот. Но однесувањето на спикерот во Собранието кое секако е поддржано од тенкото парламентарно мнозинство во случјаот и СДСМ на чело со Зоран Заев, денеска дополнително ги комплицира работите, односно дополнително  нѐ потсетува дека ништо во суштина не е решено и дека ситуацијата многу брзо може да ескалира и да се радикализира. Јас би го предупредил да не си игра со оганот затоа што може да се изгори и да му пукне во рака петардата, а кога ќе му пукне петардата во рака тогаш нема враќање назад. Затоа луѓето треба да бидат свесни дека одговорноста е во парламентарното мнозинство – рече Мицкоски.






Тој порача дека спикерот Џафери има задача да обезбеди храмонични услови во Парламентот, а не да се однесува „дивјачки“ и да ја цензурира опозицијата.

– Спикерот има задача да обезбеди хармонични услови во рамките на Парламентот за работа односно да најде баланс помеѓу различни пратенички групи, а не да се однесува дивјачки и практично забранува и ја цензурира опозицијата во 21 век во земја којашто е кандидат за ЕУ. Уште еднаш ја користам оваа прилика да го предупредам да не си игра со оган, да не му пукне петардата во рака, па потоа да се изгори, па потоа последиците да бидат многу големи – додаде тој.

Поврзани содржини