Скопската полиција вчера приведе двајца скопјани, Д.К. (22) и М.Л. (23) затоа што на вчерашниот протест во Скопје со тврди предмети нападнале полициски службеници кои биле дел од полицискиот кордон.
Известен е Јавен обвинител, по чии насоки лицата се задржани во полициска станица, а по добиена судска наредба извршен е и претрес во дом на М.Л. и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.