Трајанов револтиран од Филипче, очекувал вакцинација со Фајзер, а добил Спутник V
Не може од Фејсбук да се гради политика. Некој ќе напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“, и министерот ја менува со „Спутник“. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација.
Павле Трајанов, пратеник и лидер на Демократски сојуз во изјава за медиуми реагира дека пратениците се измамени и дискриминирани бидејќи министерот за здравство Венко Филипче не им оставил право на избор при имунизацијата.
– Пратениците се насочени да се вакцинираат со „Спутник“. Можеме да почекаме и да одложиме, но за да профункционира парламентот мора да бидеме вакцинирани, еве сите се наредивме во редот и се вакциниравме. Не може од Фејсбук да се гради политика. Некој ќе напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“, и министерот ја менува со „Спутник“. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса – изјави револтирано Трајанов.
Според него, тоа било став и на другите пратениц, но не смееле да го кажат.
– Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам измама- рече Трајанов.