Хрватската пејачка Северина Којиќ вчера го прослави 49-тиот роденден, а на Инстаграм откри кои подароци особено ја воодушевиле. Првиот е оној што го добила од нејзиниот син Александар, кој, открива пејачката, ѝ подарил цртеж, а вториот подарок е тоа што се нашла на насловната страница на книгата на славниот Макс Банкер, инаку творец на популарниот Алан Форд.
Како што објави Северина, таа се нашла на насловната страница на крими-романот „Во името на мафијата“ од Лучано Секи, попознат под псевдонимот Макс Банкер. Станува збор за автор на стрипови, публицист и новинар, творец на светски познатите италијански стрипови, од кои најпопуларен е Алан Форд.
Книгата е објавена на роденденот на Северина, а таа откри и како настанала оваа соработка.
Пејачката, покрај фотографијата од насловната, напишала дека ова ѝ е најубавиот подарок за роденденот, после цртежот од нејзиниот син.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм