Шекеринска се повлекува од партиската функција, дали ќе биде амбасадор во САД?

Шекеринска вели дека досега нема учествувано во дискусија за амбасадор на Македонија во Ваштингтон, а како што додаде, оваа позиција е многу важна за разговорите да се водат преку медиумите.

2,780

По цели 8 години Радмила Шекеринска се повлекува од заменик претседателската функција на СДСМ. Денеска и лично потврди дека на претстојниот партиски конгрес во мај нема да поднесе кандидатура за позицијата на која беше избрана во 2013 година.

– Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри – изјави Шекеринска.






Но, таа одби да одговори дали ова ќе значи дека ќе ја добие амбасадорската позиција во Соединетите Американски Држави.

Шекеринска вели дека досега нема учествувано во дискусија за амбасадор на Македонија во Ваштингтон, а како што додаде, оваа позиција е многу важна за разговорите да се водат преку медиумите.

– Мислам дека е тема кој не треба вака да се дискутира. Се работи за многу важно место, се работи за место коешто особено станува значајно имајќи предвид дека новоизбраниот претседател на САД доаѓа со една нова поактивна политика и на Балканот. Тоа е прашање за кое не се дискутира преку изјави, туку во рамките прво на Министерството, па на Владата и во соработка со претседателот. Јас се чувствувам заморено да дезинформираме, па да демантираме. Мислам дека е срамота за едно такво место да се игра медиумска игра – истакна Шекеринска.

Поврзани содржини