ВМРО-ДПМНЕ: Дали за Заев се отвори хотел среде пандемија да одмори по дивеењето со мотори?
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Заев нема да избега од вистинските прашања и дека мора да даде одговори.
ВМРО-ДПМНЕ побара од премиерот Зоран Заев да каже дали за него се отворил хотел среде пандемија за да се одмори после дивеењето со мотори.
„Заев треба да знае дека додека се одмора на мотор, докторите работат 24 часа на ден, 55.000 луѓе останаа без работа, и половина милион живеат со 2 евра на ден. Додека тој дивее со мотор, луѓе блиски до неговото семејство пренесуваат дрога во милионски суми. Заев да не лаже, туку да каже дали Александар Ушилковски е возач на Трајче Заев и дали комбето е на фирма блиска до нив? Заеви да не се обидуваат да бегаат од одговори. Александар Ушилковски беше виден од цела Македонија на ‘Рекорд’ паркиран со ‘мајбахот’ на Трајче Заев. Заеви да кажат и дали комбето е на фирма која е во партнерски односи со нивни фирми?“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму нагласуваат дека Заев нема да избега од вистинските прашања и дека мора да даде одговори.