Пандов: Во акцијата за заплена на дрога уапсени се началникот на полицијата од Прилеп Кире Чипсио и Александар возачот на братучедот на Заев

Аналитичарот тврди дека МВР била информирана за акцијата неколку минути пред акцијата.

4,704

Политичкиот аналитичар и поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов во  пост на Фејсбук открива дека во акцијата на Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА) се уапсени началникот на полицијата од Прилеп Кире Чипсио и возачот на братучедот на премиерот Трајче Заев, Александар.

Тој вели дека МВР била информирана за акцијата неколку минути пред акцијата.

„Во акција на Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА, запленета е марихуана во вредност од 800.000 еура, а притоа уапсени се и началникот на полицијата од Прилеп, Кире Чипсио (СДС) и Александар, возачот на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев.
МВР е информирано на неколку минути пред апсењето поради страв од повторно пробивање на акцијата!!!
(Слика, Александар во бела блуза и Maybach-от, паркиран на пешачки кај Рекорд)“, пишува Пандов во својот пост на Фејсбук.

Поврзани содржини