Милошоски: Конфликтот помеѓу Филипче и Пендаровски е од повеќе реален
Тој посочи дека тој во однос на вакцинирање на граѓаните во Србија не ја гледа вината кај граѓаните, бидејќи тие спас го бараат само. А, го бараат спасот надвор од државата бидејќи власта не може да им обезбеди вакцина за да се заштитат од смртоносниот вирус ковид-19.
Конфликтот помеѓу Филипче и Пендаровски е повеќе реален, зошто е тоа моја проценка, за тоа што здравствената криза сериозно ескалира и државните органи вклучително и претседателот и Владата, и министерот за здравство добро знаат дека оваа ескалација нема да запре тука, ниту на здравствен, ниту на економски план. И мислам дека ваквото покажување со прст од страна на претседателот Пендаровски кон министерот за здравство Венко Филипче е посочување на одговорноста, истакна Антонијо Милошоски пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Што не е јасно“.
Милошоски додаде дека Пендаровски лоцира кај Филипче вина, лоцира дека проблемот постои во здравството, дека има големи штетни последици, а дека одговорниот за тоа лошо менаџирање е министерот за здравство.
– Во тој дел јас сметам дека проценката е точна. Уште од декември месец министерот за здравство манипулира со јавноста кога ќе стигнат вакцините, дека сме спремни, дека само што не стигнале кинески вакцини, „Фајзер“, „Модерна“, „Спутник“ итн. А, во изминативе три месеци додека тој манипулираше здравството, граѓаните и економијата ги доживеаја најтешките удари врз државата кои што не се случиле од 2001 наваму – нагласи Милошоски.
Милошоски посочи дека тој во однос на вакцинирање на граѓаните во Србија не ја гледа вината кај граѓаните, бидејќи тие спас го бараат само. А, го бараат спасот надвор од државата бидејќи власта не може да им обезбеди вакцина за да се заштитат од смртоносниот вирус ковид-19.
– Имаме два концепти, еден концепт на една неспособна влада во Република Македонија која што на своите здравствени осигуреници навреме не им нуди здравствена заштита. И друг концепт на способна влада,а тоа е пример во соседна Србија која што и за своите граѓани, но и за соседството има доволно капацитет да понуди одредена помош. И во тој дел, а поврзано со Советот за безбедност кој што денес се одржа кај претседателот Пендаровски моето мислење е дека Македонија во изминативе три месеци изгуби значаен дел од својата здравствена сувереност. Здравствениот суверенитет на една држава е нераздвојна компонента од безбедносниот суверенитет. И Македонија заради неспособноста на Владата изгуби дел од својот суверенитет во здравството и безбедноста на сметка на Србија. Но не по вина на Србија туку по вина на неспособноста на Владата – рече Милошоски.
– Тоа што е до нас како опозиција ние ќе продолжиме да имаме активизам во таа насока. Но, сепак сакам да потенцирам дека конечните одлуки ќе зависат од тоа дали владејачкото мнозинство има доволно прагматизам и разумност, она што го предлагаме да го прифати како аргументирано тврдење за подобра операција која што на сите ќе ни даде доверба дека е веродостојна и од здравствен и од методолошки и од пописен карактер. Овој чекор прв што го направија прифаќање поместување на календарот цениме дека е добар почеток и се надеваме дека на таков разумен начин ќе се однесуваат и во иднина – истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување на емисија на Алфа телевизија говорејќи за пописот.
Милошоски додаде дека одложувањето на пописот е добро за секој граѓанин, бидејќи здравјето е пред се.
– Одложувањето на пописот е само еден чекор, со овој чекор само им се овозможува на надлежните институции да бидат подинамични и попосветени во она што го пропуштија, а тоа е масовна имунизација на населението кое што сака да се вакцинира – појасни Милошоски.
– Се залагаме изборот на градоначалници да се врши во првиот круг, со одреден цензус на минимум гласови кои што би требало да бидат освоени од било кој кандидат. Зошто го сметаме ова? За тоа што се забележа на повеќе локални избори дека најголемите девијации или злоупотреба на државни ресурси се случуваат помеѓу првиот и вториот изборен круг во оние општини што се побитни – рече Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување на емисија на Алфа телевизија.
Милошоски додаде дека најчесто за добивање на вториот круг се насочуваат ресурси од владејачката партија да се оди со понуда или вработувања, со одредена финансиска помош, стипендии, интервенции во инфраструктура и сл.
– А, сметаме дека избори во еден круг ќе бидат и подемократски и поекономични. И во најмала рака ќе го намалат тој чин на злоупотреба на државните ресурси и ќе го подобрат имиџот на државата – појасни Милошоски.