Никола Алачев од Муртино освои 8,4 милиони денари на „Супер милионер џек пот“

Никола откри дека од парите планира да си купи стан во Струмица и нов автомобил.

1,060

Никола Алачев од Муртино е среќен сопственик на  8.442.127 денари откако го освои вториот „Супер милионер Џек пот“ во „Спортлајф“ во селото.

Во моментот кога видел дека ја освоил добивката „Супер милионер Џек пот“, возбуден го оставил добитниот ваучер кај вработениот во „Спортлајф“ и веднаш излегол малку на воздух, да се соземе. Ова го раскажа Никола Алачев кој заедно со семејството пристигна во просториите на Видеолотарија, сѐ уште возбуден и во неверување за големата среќа.






Никола откри дека од парите планира да си купи стан во Струмица и нов автомобил. Тие ќе му бидат убав спомен дека на 25 март 2021 година, добивката „Супер милионер Џек пот“ на Видеолотарија Касинос Аустриа го измени неговиот живот на подобро.

Добивката „Супер милионер Џек пот“ во фантастична вредност од 8 до 12 милиони денари се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа. Првиот „Супер милионер Џек пот“ вреден 10.922.768,00 денари беше освоен во „Бет ту мар B2M 057“ Трубарево на 15.03.2021.

Државна видеолотарија информира дека популарните Мини и Милионер Џек пот добивките остануваат и понатаму среќна опција за нивните играчи и тоа без промени. Никогаш не знаете кои се вашето место и време за да станете милионер.

 

 

Поврзани содржини