Светската федерација на Ромите загрижена од последните настани назначи директор за операции во С Македонија

Од федерацијата се надеваат дека нивните претсетавници ќе воспостават  пријателски односи со локалните градоначалници ,но и со министерствата за неадворешни и внатрешни работи.

519

Загрижена од последната тепачка во Струмица во која десетина членови на обезбедувањето на премиерот Зоран Заев нападнаа двајца мажи од ромско потекло и брутално претепаа еден од нив, Светската федерација на Ромите, организација за јавни интереси, акредитирана од Обединетите нации со посебен статус на консултант, го назначи Ѓеѓе Демировски, за директор за операции во Северна Македонија.

Во соопштението за оваа одлука од Светската федерација на Ромите се вели дека повод за тоа биле се почестите  извештаи за кршење на човековите права, како и видеа кои ја прикажуваат екстремната сиромаштија и условите за живот на Ромите во земјава и на Балканот.






Од федерацијата се надеваат дека нивните претсетавници ќе воспостават  пријателски односи со локалните градоначалници ,но и со министерствата за неадворешни и внатрешни работи.

– Се надеваме дека можеме да воспоставиме пријателски односи со службеници каде што постојат овие проблеми, на пример, локални градоначалници во градовите каде што нашиот народ доживува расизам, дискриминација и злосторства од омраза. Со тоа, се надеваме дека ќе ги спроведеме нашите програми дизајнирани од Целите за одржлив развој на Обединетите нации за да можеме заедно да работиме заедно за да ги решиме овие проблеми –  Дени Добобров, директор за меѓународни односи.

Претседателот на Федерацијата, Јанош Шотојка изјави дека доколку не успеат да воспостават пријателски односи со властите посебно министерствата за надворешни и внатрешни работи ќе се повикаат и на колегите од  ООН, ЕУ и САД.

 

Поврзани содржини