Мицкоски: Луѓе умираат, а власта одлепи, заминаа на одмор во Мексико и во Дубаи, на човек да му се згади!
Трошат по еден стан за еден одмор. Од таквата одлепеност од реалноста на човека му доаѓа мачнина и гадење. Дезертери и криминалци ја водат земјата, вели Мицкоски и бара одговорност и оставки.
Секој ден е нова борба со животот, а што направија луѓето од власта? Заминаа на одмор во Мексико и Дубаи. Трошат по еден стан за еден одмор, пишува на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Над 60 илјади граѓани ги загубија своите работни места.Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден, 3.364 наши сограѓани ги загубија животите поради корона.Имаме жестока здравствена криза и полициски час. Секој ден е нова борба со животот. Што направија луѓето од власта? Заминаа на одмор во Мексико и Дубаи. Трошат по еден стан за еден одмор. Од таквата одлепеност од реалноста на човека му доаѓа мачнина и гадење. Дезертери и криминалци ја водат земјата“, вели Мицкоски и бара одговорност и оставки.