Стоилковски до јавните обвинители: Имате ли притисок да не отворате истрага за скандалите на Рашковски?

Јовески и Русковска, додаде Стоилковвски, мора да кажат, дали врз нив се врши притисок да не отворат истрага за ниеден скандал во кој што е вмешан Рашковски, од Леонардо, набавка на хеликоптери, продажбата на ШИК Јелак, набавки на машини за Дрисла, скандалот со провизии за авионски карти за повратниците во корона кризата, и што ли уште не?

725

За криминалот и корупцијата нема простување, туку мора да важат правото и правдата! И денеска повторно ги повикуваме институциите да отворат сериозна истрага за Драги Рашковски и набавката на софтвер, платен од буџетот, а е неупотреблив, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– И денеска повторно ги повикуваме институциите да отворат сериозна истрага за Драги Рашковски и набавката на софтвер, платен од буџетот, а е неупотреблив. Драги Рашковски е иноватор на награден систем, чиј што софтвер има исти цели како и набавениот од Рашковски, а неупотреблив е за МВР. Притоа софтверот е набавен од компанија основана девет дена откако Рашковски- иноваторот станува Генерален секретар на режимот на Зоран Заев, а од Генералниот Секретаријат воден од Рашковски добива вкупно над 400 илјади евра – вели Стоилковски.






Според него, се повеќе информации во јавноста говорат за намерно извршена набавка која што не одговара со постојниот систем, односно дека некој во режимот имал намера да се изврши токму ваква набавка.

– Информации објавени во јавноста велат дека од крајот на 2019, и почетокот на 2020, тогаш кога и тече процедурата за набавка на системот, на неколку пати била одложувана затворена седница на владата на која едно од прашањата е „Safe city“ односно везбеден град, системот со камери на МВР. Драги Рашковски, но и Зоран Заев треба да одговорат, каква е врската меѓу одложувањето на оваа затворена седница и набавката на софтверот со исти цели како оној софтвер иновиран од Драги Рашковски, а е некомпатибилен со системот на МВР, имајќи предвид дека огласот за набавка бил распишан во ноември 2019 , а договорот е потпишан во февруари 2020та година? – вели Стоилковски.

Јовески и Русковска, додаде Стоилковски, мора да кажат, дали врз нив се врши притисок да не отворат истрага за ниеден скандал во кој што е вмешан Рашковски, од Леонардо, набавка на хеликоптери, продажбата на ШИК Јелак, набавки на машини за Дрисла, скандалот со провизии за авионски карти за повратниците во корона кризата, и што ли уште не?

Поврзани содржини